Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

23.02.2021

Скопје

ДОБРАТА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА ВО ЗЕМЈАТА ВАЖНА ЗА ИНСТИТУЦИЈАТА ОМБУДСМАН-ЗАКЛУЧЕНО НА СРЕДБАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И АМАСАДОРКАТА НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

Во рамките на редовните средби со амбасадорите акредитирани во Република Северна Македонија, народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со британската амбасадорка во земјава Н.Е Рејчел Галовеј.

„За Институцијата Народен правобранител од исклучителна важност е поддршката која ја добива од меѓународните организации и амбасадите, особено во делот на зајакнување на нејзините капацитети за поефикасно остварување на законските надлежности. Она, што е, исто така  многу важно за функционирањето на Институцијата е нејзината независност, и во таа насока во наредниот период  ќе вложиме максимални напори да  ја постигнеме оваа цел, се разбира согласно Законот и законските надлежности. Приоритет ќе ни биде и транспарентноста во работата и добрата соработка со медиумите и невладиниот секотор, од причина што сите заедно имаме иста цел, заштита на правата на граѓаните„.

Ова, меѓу другото, го истакна народниот правобранител, г.Насер Зибери на средбата со амасадорката  на Обединетото кралство Н.Е Рејчел Галовеј, која го информираше народниот правобранител за актуелниот проект кој амбасадата го спроведува во поглед на обезбедување на поголема безбедност на новинарите при вршењето на нивната работа, како и поддршката која амбасадата ја дава на невладините органиазации, како што е проектот со Хелсиншкиот комитет за остварување на работничките права.

 На средбата стана збор и за актуелната ситуација со пандемијата  и влијанието врз човековите слободи и права. Соговорниците се согласија дека  пандемијата имаше  негативен ефект врз правата на сите граѓани, но посебно врз маргинализираните групи и таканаречените ранливи категории, и дека речиси сите држави во светот се соочија со балансирање помеѓу она што се нарекува заштита на здравјето на луѓето и почитување на човековите права, со оглед на фактот што голем број од мерките кои ги преземаа владите задираaт во правата на граѓаните.

Народниот правобранител ја информираше амбасадорката дека токму за согледување на влијанието на пандемијата врз човековите права во земјата Институцијата планира да направи една опсежна анализа, која би служела при изготвување на добра регулатива која би се применувала при евентуални идни вакви ситуации.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија