Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

10.02.2021

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. ФАТОС РЕКА

Народниот правобранител г.Насер Зибери оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија Н.Е. Фатос Река, на која амбасадорот му го честиташе изборот на оваа функција, и воедно му ги пренесе поздравите од народониот правобранител на Република Албанија г-ѓа Еринда Баланца.

На средбата народниот правобранител, г.Насер Зибери се заблагодари на честитките и потенцираше дека во иднина се надева на уште поголема соработка, преку проекти кои се однесуваат на заштитата на човековите слободи и права и тоа како со Амбасадата на Република Албанија, така и со неговите колеги од регионот. Притоа, г.Зибери истакна дека во зависност од ситуацијата со пандемијата, во наредниот период доколку има можности би требало да се интензивираат активностите предвидени со Договорот за соработка потпишан со Омбудсманите на Република Албанија и Република Косово во поглед на размената на искуствата и  добрите практики, како и предвидените взаемни студиски посети на стручните соработници, со цел подигнување на степенот на заштита на правата на граѓаните.

Во поглед на претстојните активности народниот правобранител, г. Насер Зибери го информираше амбасадорот дека Институцијата активно ќе се вклучи во заштитата на правата на граѓаните за претстојниот попис, преку отворање на бесплатна телефонска линија, на која ќе можат да се пријават сите нерегуларности  во спроведувањето на оваа значајна статистичка операција.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија