Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

24.08.2020

Скопје

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА НА ОМБУДСМАНИТЕ ЗА ДЕЦА, ВО ВРСКА СО ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО ЈАДРАНСКО-ЈОНСКОТО ПОДРАЧЈЕ

Заменичката народен правобранител, г-ѓа Васка Б-Мустафа и државната советничка од Одделението за заштита на правата на децата и лица со попреченост, г-ѓа Весна Костиќ,  учествуваа на онлајн (електронски) средбата организирана од страна на Омбудсманот од регионот Марче, Република Италија, во соработка со Постојаниот секретаријат на Јадранско- Јонската иницијатива.

Основната тема за дискусија беше глобалната здравствена и социо-економска криза, предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и состојбите со заштитата и унапредувањето на правата на децата и адолесцентите.
На состанокот, кој беше дел од активностите во рамки на одбележувањето на 20 години од Повелбата на Анкона и Јадранско- јонската иницијатива, омбудсманите за правата на деца од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Северна Македонија, Црна Гора, Сан Марино, Србија и Словенија разменија искуства, најдобри практики и инструменти за заштита на деца и адолесценти во итни случаи. Воедно, поради ризикот од повреда на правата на оваа категорија лица кои спаѓаат во ранлива категорија, беше истакната големата важност од подигање на нивото на внимание и свесност за заштита на децата, особено најранливите, така што заштитата на нивниот најдобар интерес станува предуслов за каква било одлука или акција која би се преземала од страна на државните органи и  институции.

Омбудсманите за деца се согласиле дека сите држави од ова подрачје се соочиле, но и дека и натаму ќе се соочуваат со слични предизвици во време  на пандемија од Ковид 19, во врска со прашања поврзани со правата на децата, заштита и унапредување на истите, и во тој контекст потребата од воспоставување  на постојана Јадранско-Јонска мрежа за унапредување и заштита на правата на децата, преку споделување и потпишување на Декларацијата за изразување намера за заштита и унапредување на правата на децата во рамките на Јадранско-Јонска иницијатива.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија