Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г.РАЈНЕР ДЕВИЛ ТИМ ЛИДЕРОТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР 09.06.2020

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г.РАЈНЕР ДЕВИЛ ТИМ ЛИДЕРОТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР

Народниот правобранител г.Иџет Мемети  се сретна со г.Рајнер Девил, судија на Апелационен суд во Германија, кој е тим лидер на проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор“, финансиран од Европската Унија, чија главна цел е поддршка на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и Акцискиот план во врска со независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судиите и обвинителите, како и да се подобри ефикасноста на администрацијата во правосудните органи и зајакнување на капацитетите на сите страни во секторот.

На оваа средба, правобранителот г.Мемети, го запозна судијата г.Девил со досегашната работа на Институцијата во заштитата на правата на граѓаните, со посебен акцент на поплаките од областа правосудство, односно постапувањето за неоправдано одолжување на судските постапки и почитување на принципот за судење во разумен рок, како  и несовесно и неодговорно вршење на работите на судските служби, неповредувајќи ги принципите на самостојност и независност на судската власт.  Воедно, го информираше дека заради заштита на човековите слободи и права кога странката или Народниот правобранител бара, судот му овозможува на Народниот правобранител да дејствува како пријател на судот (amicus curiae), што како нова надлежност Народниот правобранител ја доби со измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител од 2018 година.

На средбата се разменија мислења во однос на потребата од вклучување на Народниот правобранител во активностите за обука на судии и јавни обвинители, вклучително и администрацијата на овие органи, со цел зајакнување на довербата на јавноста во овие системи, но и поголема информираност заради непречена имплементација на новата надлежност на Народниот правобранител, а во интерес на граѓаните.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија