Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

14.05.2020

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СПРОВЕДЕ ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СОГЛЕДУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Со цел да се согледа каква е состојбата со остварувањето на правото на образование на децата со посебни потреби во основните училишта, Народниот правобранител спроведе истражување со кое беа опфатени сите општински основни училишта во државата, а по анализата на податоците изготви Посебен извештај од спроведеното истражување за состојбата со остварувањето на правото на образование на децата со посебни образовни потреби во основните училишта во Република Северна Македонија.
Анализата на добиените податоци за бројот на учениците со посебни образовни потреби (ПОП) покажува дека во тековната 2019/20 учебна година во општинските основни училишта во Република Северна Македонија има вкупно 4183 ученици со ПОП. Од нив 1373 се ученици со попреченост (потврдени со наод и мислење од стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста или со функционален профил добиен од Стручното тело за функционална проценка по МК), од кои вкупно 161 се првачиња во учебната 2019/20 година, додека 1549 се ученици со нарушување во однесувањето или емоционални проблеми или со специфични тешкотии во учењето, од кои 169 се првачиња во учебната 2019/20 година. Податоците говорат дека 1261 се ученици кои потекнуваат од неповолни социо-економски, културни и/или јазични депривирани средини, при што 158 ученици се запишани во прво одделение во учебната 2019/20 година.
Исто така, истражувањето покажа дека во општинските основни училишта во Република Северна Македонија најзастапени се учениците со лесна интелектуална попреченост, учениците со комбинирана попреченост и учениците со аутистичен спектар на нарушувања. Во просек, бројот на ученици со попреченост во паралелките е еден до најмногу два ученика по паралелка, при што, најголем број училишта при распределбата на учениците со попреченост се раководат од вкупниот број на ученици во паралелката, степенот на попреченост и искуството и стручната подготвеност на наставникот. Само 15 училишта изрично одговориле дека се раководат од Правилникот за распоредување на ученици со посебни образовни потреби.
Без малку, сите испитани училишта (313) имаат формирано училишни инклузивни тимови, меѓутоа во нивниот состав не членуваат сите законски определени членови. Повеќето училишта (224) имаат формирано инклузивни тимови за секој ученик со попреченост. Вкупно 221 училиште одговориле дека за сите ученици со попреченост имаат изготвено Индивидуален образовен план (ИОП).
За успешна реализација на Законот за основно образование, особено од аспект на инклузивно образование, Народниот правобранител,  меѓу другото препорача:
        - Да се преземат мерки за доуредување на член 35 од Законот за основно образование, така што  јасно и конкретно би се дефинирало кои деца спаѓаат во групата ученици со попреченост, кои  ученици се со нарушување во однесувањето или емоционални проблеми или со специфични тешкотии во учењето, а кои ученици се ученици кои потекнуваат од неповолни социо-економски, културни и/или јазични депривирани средини.
        - Да се обезбедат образовни и/или лични асистенти, како еден од модалитетите на поддршка во учењето, согласно реалните потреби на учениците со попреченост.
        - Надлежното Министерството во соработка со локалните самоуправи да ги обезбеди потребните ресурси, со цел унапредување на инклузивното образование, како и воведување и вградување на неопходните промени во општинските основни училишта.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија