Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • 20.03.2020

    ПЛАН ЗА РАБОТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ 03.12.2019

Скопје

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Со презентација на состојбата со остварување на правото на образование на децата со посебни потреби во основните училишта во скопскиот регион , што е дел од  Посебен извештај за остварување на правото на образование на децата со посебни образовни потреби (ПОП), и промоција на механизмот за мониторирање на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, нардониот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје го одбележа 3 декември Меѓународниот денот на лицата со посебни потреби.

„Од 2009 година, во рамки на Народниот правобранител заштитата на правата на овие граѓани се остварува преку Одделението за заштита на правата на децата и лица со попреченост, додека од јули оваа година имаме и посебен тим советници кои ќе го следат спроведувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и Факултативниот протокол. Овој тим е составен од двајца правници и еден специјален едукатор и рехабилитатор, кои заедно со лицата со попреченост, нивните претставници и  граѓанските организации кои работат во оваа област ќе врши анализи, проучување и следење на прописите и компаративните права во врска со правата утврдени со Конвенцијата.
 
 Исто така, тимот, ќе ја следи меѓународната регулатива и ќе се залага за хармонизација на националните закони и други акти. Ќе поттикнува ратификација на меѓународни документи за лицата со попреченот, ќе врши мониторинг на процесот, и иницирање на постапки за донесување и изменување на законски и подзаконски акти, во согласност со начелата на Конвенцијата. Воедно, ќе ги следи и релевантните јавни политики поврзани со правата на лицата со попреченост и ќе подготвува извештаи со соодветни препораки за надлежните органи.

Особено сакам да ја потенцирам надлежноста  на тимот за преземање мерки и активности за промоција и подигање на свеста за правата на лицата со попреченост, што е од особено значење во борбата за надминување на стереотипите и предрасудите кон овие лица“.

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети во својот поздравен говор на промоцијата на која присусутвуваа Амабасадорот  Клеменс Која – шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и г-ѓа Росана Дуџиак – постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија.

Во рамките на презентацијата на состојбите за остварување на правото на образование на децата со посебни образовни потреби (ПОП), со акцент на основните училишта во скопскиот регион заменик народниот правобранител г-ѓа  Васка Бајрамовска-Мустафа рече дека истражувањето покажало дека во државата има нов закон,  а стари правилници,  како и тоа дека  на почетокот на ова учебна година  се прокламираше инклузијата,  ни во реалноста училиштата се без целосно инклузивни тимови и без инклузивни тимови за секој ученик со попреченост.

„Имаме училишта во кои не се обезбедени потребните материјално технички ресурси и наставно дидактички материјали и средства, училишта без  вработени специјални едукатори и рехабилитатори и без поддршка од општински специјални едукатори и рехабилитатори, училишта без обезбедени образовни и лични асистенти (кои патем се проектно ангажирани), Наставен кадар со недоволно развиени професионални компетенции за работа со деца со попреченост“ истакна Бајрамовска –Мустафа.

Пребарување

Кaлендар на настани

април 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија