Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • 20.03.2020

    ПЛАН ЗА РАБОТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

„ХУМАНА ПРИКАЗНА“ - ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ СО МАНДАТОТ И НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ 07.12.2019

Скопје

„ХУМАНА ПРИКАЗНА“ - ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ СО МАНДАТОТ И НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Во Младинскиот Културен Центар во Скопје, во киното „Фросина“ се одржа премиера на претставата „Хумана Приказна“, како дел од проектот „Мој Омбудсман-театарот како метод за зголемување на основните човекови права“.

Замислата на овој проект е преку театарски претстави да се информираат граѓаните за надлежностите на Институцијата, во кои случаи тие можат да побараат заштита од страна на Омбудсманот, како и промовирање на институцијата Народен правобранител пред поголема група на граѓани. Сценариото на претставата опфати области во кои Народниот правобранител врши заштита и тоа: недискриминација и соодветна и рамноправна застапеност, затворски ситуации, здравствени прашања, работи поврзани со деца, деца и возрасни со посебни потреби, образование, социјални работи, полиција, урбанизам и градежништво, животна средина и многу други.

На премиерата на театарската претстава присуствуваше и претставник/правник од институцијата Народен правобранител, па по завршувањето на претставатаграѓаните непосредно можеа да поставуваат прашања во врска со делокругот на работа на Народниот правобранител и при тоа да добијат одговори.
Караванот на претставата „Хумана Приказна“ продолжува понатаму и ќе ги опфати градовите Крива Паланка, Битола, Тетово, Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе, Неготино и Кочани.

Пребарување

Кaлендар на настани

април 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија