Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

06.11.2019

06.11.2019, Скопје

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАЕДНИЧКО РОДИТЕЛСТВО

Претставници на Народниот правобранител учествуваа на јавната расправа на тема: Заедничко родителство по разводот, организирана од страна на Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Северна Македонија.

При тоа, беа презентирани искуствата и постапувањето на Народниот правобранител во однос на прашањата поврзани со повредата на правата на детето при  одржувањето на личните контакти со родителите по разводот.

Нагласувајќи дека нетрпеливоста, меѓусебниот реваншизам и некомуникацијата на родителите по разводот претставуваат ненадминлива пречка за детето непречено да ги остварува своите права, претставниците на Народниот правобранител изразија поддршка на иницијативата за востановување на функционален систем на заедничко родителство по разводот како дел од семејното законодавство, кој ќе биде во насока на најдобриот интерес на детето.

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2020
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија