Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

29.10.2019

29.10.2019, Скопје

ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА РАСПРАВА ВО СОБРАНИЕТО НА СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОВРЗАНА СО СЕМЈЕНОТО НАСИЛСТВО

Имплементација на Законот за превенција, спречување, и заштита од семејно насилство, беше тема на дискусија на јавната расправа која се одржа во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија. Претставник на Институцијата Народен правобранител, државниот советник, Неџат Алии во своето обраќање истакна дека преку дискусијата, Народниот правобранител може да придонесе со неговото досегашно искуство во интерес на имплеметацијата, односно спроведувањето на законските одредби.

Имено, според Народниот правобранител семејното насилство претставува општествен проблем присутен во современото општество, кој резултира со сериозни последици по животот и здравјето на жената и семејството. Со дејствијата на семејното насилство се загрозуваат човековите права, особено правата на жената, која најчесто е жртва при семејното насилство. Оваа форма на насилство е присутна во современото општество, без разлика на економската или социјалната положба и етничкото потекло на лицето кое е предмет на семејно насилство.

Од добиените сознанија од граѓани кои се обратиле до Народниот правобранител може да се заклучи дека насилството врз жената и децата е едно од најприсутните кршења на човековите права  и слободи. Жената како жртва на насилство е дискриминирана ѝ се повредува основното човеково право на живот, слободата, достоинството и безбедноста, како и тоа дека е потребна континуирана едукација и обука на стручните лица во институциите што работат на заштита од семејно насилство со цел распознавање и соодветна заштита на жртвата.

Претставникот на Народниот правобранител информираше дека во пракса (при постапувањето по претставките), постои добра соработка со надлежните институции кои постапуваат во спречувањето на семејното насилство, што е констатирано и во годишните извештаи на Народниот правобранител, иако има простор за подобрување од аспект на преземање на потребните мерки за превенирање и заштита од семејно насилство, а да не се дозволи случаите да ескалираат. За решавање на овој проблем, Народниот правобранител истакна дека е потребно посебен ангажман на Националното координативно тело против семејно насилство што ќе функционира во континуитет и непречено, во насока на превенција и заштита од секаков вид на семејно насилство.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија