Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДНА  КОНФЕРЕНЦИЈА 17.10.2019

Бечиќи, Црна Гора

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Заменик-народниот праворанител, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа и советник од канцеларијата на Народниот правобранител учествуваа на дводневната Меѓународната  конференција на тема „Спречување на нечовечко постапување од страна на полиција:справување со предизвиците кои произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права и други институции при Советот на Европа“, што се одржа во Црна Гора, во организација на Советот на Европа.

Меѓународната конференција третираше повеќе прашања, меѓу кои и нечовечкото постапување од страна на полицијата при вршењето на полициските овластувања. При тоа беше испратена силна порака за нулта толеранција за нечовечко и нехумано постапување од страна на службениците при  спроведување на законот. Истовремено, од страна на учесниците беше нагласено дека оваа порака мора да се испрати на повисоко ниво, во рамките на службата во сите земји и да се проследи на пониско хиерархиско ниво во соодветните интервали. Иако за оваа појава многу се зборува, несомнено е дека недостасуваат ефективни истраги кои мораат да се спроведат за секое убедливо тврдење за нечовечко и нехумано постапување и да се преземат сите неопходни мерки за таа цел. Следствено на горенаведеното, неминовно беше да се спомене дека полициските службеници за спроведување на законот мора редовно да се потсетуваат на забраната за нечовечно и нехумано постапување и мачење и да посетуваат иницијална и континуирна професионална обука која треба да ги опфати елементите кои ги содржат условите на Европската конвенција за човекови права, толкувано преку Европскиот суд за човекови права.

Заменичката, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа во своето излагање се задржа на работењето на канцеларијата на Народниот правобранител и го презентираше новиот Механизам за граѓанска контрола на полицијата за кој е предвидено да обезбедува поддршка и заштита на жртвите, нивните права и интереси во  постапки пред органите на државната управа,  обвинителството и судовите  на постапувањето  на лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција  за кривични дела извршени при вршење на службено дејствие или вон службата со употреба на сериозна закана, сила или средства за присилба  што за последица има смрт, тешка телесна повреда, телесна повреда, противправно лишување од слобода, мачење  и друго сурово, нечовечко  или понижувачко  постапување и казнување, со што дополнително се зајакнува улогата на Народниот правобранител во заштита на правата на граѓаните повредени од страна на дејствијата на лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Новиот Механизам го сочинуваат три надворешни членови од граѓанските здруженија. Собранието на Република Северна Македонија го распиша  јавниот оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството. Таа истакна дека институцијата Народен правобранител има многу важна улога во заштита на граѓанските права, особено во  постапките кои се однесуваат на  прекршување на полициските овластувања.

На меѓународната конференција учествуваа претставници на омбудсман институции, министри и претставници на полициски органи од земјите од Балканот, Хрватска, Црна Гора, Србија и Република Северна Македонија, како и преставници од Советот на Европа.

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија