Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • 20.03.2020

    ПЛАН ЗА РАБОТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

    повеќе
  • 11.03.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРИЕМОТ НА ГРАЃАНИ/СТРАНКИ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

10.10.2019

Скопје

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО ВРАБОТЕНИ И УЧЕНИЦИ ОД ПОУ „Д-Р ЗЛАТАН СРЕМЕЦ“ СКОПЈЕ

Заменик-народен правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа заедно со тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост од Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, по повод одбележувањето на Светската недела на детето, реализираа средба со дел од вработените и учениците од Посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Кисела Вода - Скопје. Претставниците на Народниот правобранител имаа можност да присуствуваат на куса приредба, со која симболично се одбележа приемот на првачињата во Детската организација. Вработените од училиштето со читање на свечена изјава се заложија дека максимално ќе ги почитуваат детските права и дека ќе обезбедат потребни услови за оптимален развој на децата, со цел полесно надминување на потешкотиите и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието. Заложбата почива на основните права на децата загарантирани со Конвенцијата за права на детето, а тоа е дека секое дете без разлика на пол, верска, етничка, социјална припадност или попреченост, заслужува еднаков третман и достоинствени услови за живот.

Потоа, претставниците на Народниот правобранител имаа интерактивна работилница со дел од учениците од виша настава на тема, правата на децата согласно Конвенцијата.

Пребарување

Кaлендар на настани

март 2020
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија