Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

УЧЕСТВО НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП 15.10.2019

Скопје

УЧЕСТВО НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП

По повод одбележувањето на 15. Октомври - Меѓународниот ден на Белиот стап - симболот на слепите лица (признат од Организацијата на Обединетите Нации), заменик-народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, заедно сo тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, учествуваа на тркалезната маса на тема „Договорот од Маракеш – придобивки за лицата кои не можат да читаат стандарден печат“, организирана од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

Во своето излагање, заменичката г-ѓа Бајрамовска-Мустафа, рече дека, Народниот правобранител смета дека согласно Член 9 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, лицата со попреченост имаат право независно да живеат и во целост да учествуваат во сите аспекти на животот, поради што е потребно е да им биде обезбеден пристап на еднаква основа со другите, до просторна околина, транспорт, информации, комуникации и други услуги и капацитети отворени и обезбедени за јавноста, во урбаните и руралните средини. Воедно, потребно е промовирање на соодветни облици на помош и поддршка, како користење на Брајово писмо, односно текстови на лесно читлив и разбирлив формат, што ќе овозможи нивен непречен пристап до информации, како и до нови информатички и комуникациски технологии и системи.

Договорот од Маракеш, потпишан во Мароко на 28 јуни 2013 година, до денес е ратификуван од 38 земји, и е потпишан од повеќе од 60 земји. Со овој договор се олеснува пристапот до објавени литературни дела и печат за лицата со оштетен вид (слепите и слабовидните лица), но воедно истиот е многу корисен и за други лица со попреченост, како лица со телесен инвалидитет, односно лица без функција на горни екстремитети, лица со дислексија, дизграфија и дискалкулија. Договорот од Маракеш во основа го обезбедува основното човеково право – правото на читање, кое во моментов е ограничено за лицата со попреченост, особено за слепите и слабовидните лица, па така над 90% од сите објавени материјали, не можат да бидат прочитани од страна на овие лица, што доведува до „глад или жед за читање“.

Во оваа насока, заменичката г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, истакна „Народниот правобранител апелира до Собранието на Република Северна Македонија што поскоро да го ратификува овој Договор со што ќе се обезбеди правна рамка преку која ќе се уреди достапноста до литература и печат во пристапен формат. Ова ќе овозможи лицата со попреченост да имаат пристап до што повеќе информации, да напредуваат во образованието и тоа на сите нивоа, како и дека ќе озвозможи нивно доживотно учење, унапредување и доквалификација, озовмужување право на вработување и право на личен избор при селекција на литературни дела“.   


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија