Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

04.10.2019

Скопје

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО ГИ ПОСЕТИЈА ООУ„ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ „ЖИВКО БРАЈКОВСКИ„ ОД СКОПЈЕ

Заменикот Народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа заедно со членовите на тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост од Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост по повод одбележувањето на Светската недела на детето, реализираа посета на неколку основни училишта при што отсварија директни средби, разговори и интерактивни работилници со децата. Оваа година Детската недела се одбележува под мотото „Детски права за наше детство“, а Народниот правобранител се приклучи кон оваа иницијатива и по тој повод оствари средба со дел од вработените и учениците од ООУ„Димо Хаџи Димов“ во населба Влае - Скопје.Исто така беше посетено и ООУ „Живко Брајковски“ каде претставниците од канцеларијата на народниот правобранител имаа можност да ја проследат програмата по повод свечениот прием на првачињата во ова училиште.Во рамките на посетата тимот беше информиран и за активностите кои оа училиште и реализира во однос на мултиетничката интеграција како и за начинот на работа и видовите на поддршка кои училиштето им ги дава на учениците со посебни образовни потреби.
  
Заменикот Народниот правобранител во ОООУ „Димо Хаџи Димов„ одржа интерактивен час со ученици од нижа настава на тема правата на децата согласно Конвенцијата за права на децата. За време на разговорот учениците имаа можност да ги споделат своите знаења за нивните права, да дадат свои идеи и предлози како да се унапредат истите и слободно да ги изразат своите размислувања за нивните права. Едновремено учениците имаа можност да се запознаат со работата и надлежностите на институцијата Народен правобранител и беа информирани дека вратите на оваа институција се секогаш широко отворени за нивните евентуални своите поплаки и претставки.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија