Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

09.10.2019

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Народниот правобранител, г.Иџет Mемети оствари средба со претставници на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Канцеларија за следење и борба против трговијата со луѓе, а во врска со Извештајот што САД секоја година го изготвуваат со цел проценка на состојбата со борбата против трговијата со луѓе во вкупно 178 земји во светот.

На средбата стана збор за активностите што Северна Македонија ги презема по однос на борбата со трговијата со луѓе со фокус на Канцеларијата на Народниот правобранител.

Правобранителот, информираше за новиот мандат на Канцеларијата, односно одлуката на Влада Националниот известувач за трговија со луѓе да биде оформен кај Народниот правобранител и статусот на постапката за вработување на лица кои ќе работат на оваа проблематика.

Претставникот на Стејт Департментот искажа подготвеност за активна поддршка на Народниот правобранител во моментот кога тимот ќе почне со активности.

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија