Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ВТОР СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА 02.10.2019

Скопје

ВТОР СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

„Специфични потреби на децата во местата за задржување: состојби и предизвици“, беше темата на  вториот состанок на Мрежата на Националните превентивни механизми од Југоисточна Европа што се одржа во Скопје, а чиј домаќин беше канцеларијата на Народниот правобраниел. Состанокот финансиски беше поддржан од канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации(УНХЦР).

„Како Народен правобранител, особено внимание посветуваме на правата на децата и нивниот најдобар интерес. Во текот на нашата работа континуирано ја следиме состојбата со правата на децата и нивниот третман во местата на задржување и лишување од слобода и соодветно интервенираме од аспект на почитување и спроведување на нивните права. Во тој контекст, ризикот од тортура и друг вид на сурово, нечовечко и понижувачко постапување или казнување спрема децата во местата на задржување ја потенцира потребата од особено внимание и ја истакнува сериозноста на темата на денешниот состанок“

Ова, меѓу другото, го рече во својот поздравен говор народниот правобранител г.Иџет Мемети,  на отворањето на состанокот. Според нарoдниот правобранител, г. Мемети, праксата  на  народните правобранители  како   Национални превентивни механизми потврдува дека во голем број земји, спротивно на Конвенцијата, случаите на деца лишени од слобода не се реткост, а за незаконити задржувања кои арбитрерно и неоправдано долго се пролонгираат забележуваат и меѓународните тела во своите извештаи.

„Особено загрижува тоа што во националните законодавства не се предвидени соодветни процедури ниту јасни алтернитиви на лишување, кога се работи за деца, што директно доведува лишувањето од слобода и задржувањето на децата од страна на властите да се применува како нужно средство, наместо како последна мерка со ограничено времетраење,“ рече народниот правобранител г.Иџет Мемети.

На состанокот свои искуства во рамките на темата споделија претставници на Мрежата на националните превентини механизми од Југоисточна Европа, кои усвоија заклучоци за подобрување на состојбите, а за претседавач на Мрежата за следната година беше избрана канцеларијата на Народниот правобранител на Хрватска.

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија