Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 24.04.2020

    ПРЕПОРАКИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО...

    повеќе
  • 31.03.2020

    ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,...

    повеќе
  • 26.03.2020

    ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

20.09.2019

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ЗАМЕНИЦИТЕ НА ОМБУДСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА ТЕНА ШИМОНОВИЌ ЕИНВОЛТЕР И НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА МИХА ХОРВАТ

Народниот правобранител г.Иџет Мемети оствари средба со замениците на народните правобранители на Република Хрватска Тена Шимоновиќ Еинволтер и на Република Словенија Миха Хорват, кои со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во поглед на остварување на мандатот-Народниот правобранител пријател на судот, држеа дводневна обука на вработените во канецеларијата на народниот правобранител на Република Северна Македонија.

На средбата, стана збор за предизвиците со кои се соочуваат омбудсманите во остварувањето на мандатот пријател на судот-начинот на постапување, на поднесување на поднесоците и соработката со судовите. Соговорниците се согласија дека проблемите со кои се соочуваат во рамките на мандатот се речиси идентични и дека во иднина треба да се работи на зголемување на соработката со судовите со цел непречено остварување на мандатот.Тие, исто така, се согласија дека треба да се работи и на поголема промоција со цел запознавање на граѓаните за оваа нова надлежност, односно за помошта која можат да ја добијат од Народниот правобранител во рамките на судските постапки.

Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија