Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

25.09.2019

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАШЕ НА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ПРАВНА ЗАШТИТА НА ИЗБИРАЧКИТЕ ПРАВА“ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ПРАВНИ И ПОЛИТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА

На покана на Институтот за правни и политички истражувања, народниот правобранител, г.Иџет Мемети учествуваше на завршната конференција на проектот „Правна заштита на избирачките права“, имплементиран од Институтот за правни и политички истражувања, со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РС Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во РС Македонија.

Во своето излагање, народниот правобранител, г.Иџет Мемети ја потенцираше важноста на слободните, непосредни и демократски избори како столбови на демократското општество, а избирачкото право како основно политичко право кое треба да се остварува на слободни избори со тајно гласање.
-„Заштитата на ова фундаментално право пред, за време и по изборите е од основна важност, поради што отсекогаш е во фокусот на Народниот правобранител. Нашиот став е јасен и недвосмислен: Секој има право да се изјасни за својата опција, без притоа да трпи никакви последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат, и никој не може во нивно име, преку разни форми на притисоци, закани и уцени да одлучува, уште помалку да ги ограничува во нивното остварување.

Избирачкото право е основа за ефикасно остварување на концептот на владеење на правото, но и за постоење на здрави институции. Имено, од начинот на кој се организираат и спроведуваат изборите зависи степенот на демократијата, но и директно се определува легитимноста и легалноста на една власт.“  - истакна во своето излагање народниот правобранител, г.Иџет Мемети
.
На завршната конференција на проектот, на која беше промовирана публикацијата „Правната заштита на избирачките права“, а воедно беше презентирано и Истражувањето за правната заштита на избирачките права, свои излагања имаа амбасадорката на САД во РС Македонија, г-ѓата Кејт Брнз, амбасадорот на Кралството Холандија во РС Македонија, г.Андри Ван Менс, министерката за правда на РС Македонија, г-ѓа Рената Дескоска, министерот за внатрешни работи на РС Македонија, г.Оливер Спасовски, г-ѓа Мирјана Трајковска Лазарова, поранешен претседател на Државната изборна комисија и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права и претседателката на Институтот за правни и политички истражувања г-ѓа Јелена Ристиќ.(линк кон излагањето на НП)

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија