Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 23.01.2020

    СЛУЧАЈОТ СО МАЛОЛЕТНИКОТ ВРЗУВАН ЗА КРЕВЕТ КОЈ ГО ОБЕЛОДЕНИ НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 04.01.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 4 ЈАНУАРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

12.09.2019

Скопје

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА „ВОДИЧ ЗА СООДВЕТНО ПРИСПОСОБУВАЊЕ“

Претставници на тимот на Народниот правобранител за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, при Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, зедоа активно учество на работилницата и дискусијата за изработка на „Водичот за соодветно приспособување“, која се одржа на 12.09.2019 г. во хотел „Арка“ Скопје, во организација на ОБСЕ и „Полио плус“ – движење против хендикеп.

На работилницата присуствуваа претставници на владини институции, надлежните министерства, државни институции и претставници на граѓански организации. На настанот беше презентирана нацрт-верзијата на „Водичот за соодветно приспособување“, примери од практиката, а учесниците на работилницата дадоа свои заклучоци, препораки и предлози за дополнување на Водичот. Истиот се очекува да биде финализиран на крајот на октомври, а потоа ќе следува негова промоција и дистрибуција до сите релевантни тела кои работат на полето на заштита на правата на лица со попреченост.

Пребарување

Кaлендар на настани

февруари 2020
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 6
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија