Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА 08.08.2019

Скопје

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, заедно со членовите на тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, остварија средба со претседателот и членови на Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје.

На средбата, претставниците на Здружението беа информирани за отпочнувањето со работа на тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, кој ќе работи во рамки на Одделот за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, како и за отвореноста за соработка во доменот на лицата со церебрална парализа.
 
Заменичката народен правобранител ги информираше претставниците на Здружението за начинот на кој Одделението заедно со тимот за следење на Конвенцијата ќе ги спроведуваат активностите, и во таа насока потребата од активно партиципирање на Здруженијата како претставници на лицата со попреченост, но и на самите лица.

На средбата, заменичката на народниот правобранител беше информирана генерално за препреките во пристапот до правата на децата и лицата со церебрална парализа, при што претставниците на Здружението изразија задоволство од можноста за соработка со институцијата народен правобранител, и во тој контекст побараа вклучување и интервенција во однос Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Скопје.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија