Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

06.02.2019

Скопје

ЗАМЕНИЧКАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВАСКА БAЈРАМОВСКА МУСТАФА НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ МЕХАНИЗMОТ ЗА НАДВОРЕШНА КОНТРОЛА НА РАБОТАТА НА ПОЛИЦИЈАТА

Заменичката на народниот правобранител г-ѓа. Васка Бајрамовска- Мустафа, на тркалзена маса што се одржа во Скопје го презентираше моделот - Народниот правобранител-механизам за граѓанска контрола. На овој настан учесниците беа запознати со надлежностите на овој механизам кој треба да дејствува заедно со претставници на невладиниот сектор, во насока на контрола на лицата со полициски овластувања како и на затворската полција.

На тркалезната маса се дискутираше за оперативните и структурните предуслови, како и практичните подготовки кои би овозможиле соодветно функционирање на новиот механизам за контрол. При тоа беше искажана потребата од кадровско доекипирање на механизмот, односно потребата од вработување на кадар во Одделението за граѓански надзор при канцеларијата на Народниот правобранител, именување на истражители во рамките на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција како и потребата од избор на тројца претставници од граѓанското општество.

На оваа тркалезна маса, покрај заменичката на народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска- Мустафа учествуваа претставници од основните и вишите јавни обвинителства во државата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, судии од основните и апелационите судови, претставници од невладините организации, како и претставници на академската и на меѓународната заедница.

Инаку, оваа тркалзена маса (како и оние одржани во Битола и во Штип) е дел од проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“, финансиран од Европската Унија и Советот на Европа како дел од Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција, а кој го спроведува Советот на Европа.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија