Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ 15.05.2019

15.05.2019, Скопје

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети и претседателот на Здружението на новинарите, г. Младен Чадиковски потпишаа Меморандум за соработка чија цел е  подигнување на степенот на заштита на правата на новинарите, зголемување на квалитетот во информирањето на граѓаните, како и соработка на проекти кои имаа за цел промовирање на правата на граѓаните.

„Формализирањето на соработката помеѓу институцијата Народен правобранител и Здружението на новинарите ќе придонесе за поефикасна заштита на правата на медиумските работници, пред се во поглед на слободата на говорот, но и во поглед на добивањето на навремени информации. Со тоа ќе се зголеми и квалитетот во пренесувањето на истите, што е значајно и за граѓаните кои имаат право да бидат навремено и точно информирани“, рече по потпишувањето на меморандумот народниот правобранител г. Иџет Мемети.
Според претседателот на Здружението на новинари г. Младен Чадиковски соработката со Народниот правобранител и во изминатиот период била на високо ниво, но со нејзиното официјализирање таа ќе се зајакне.

„Со денешното потпишување покажуваме дека остварувањето на правата на новинарите не е важно само за нив, туку и за целата јавност. Слободата на говорот, известувањето без цензура ќе го подобри квалитетот во нашата работа, а тоа ќе влијае и врз зголемување на заштитата на правата на граѓаните, истакна претседателот на Здружението на новинари, г. Младен Чадиковски.

Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија