Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

03.04.2019

03-05.04.2019, Охрид

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ДВИЖЕЊЕ НА БАРАТЕЛИ НА АЗИЛ“

Претставници од канцеларијата на Народниот правобранител, во периодот од 3 до 5 април учествуваа на работилница/работна средба во Охрид на тема „Ограничување на слободата на движење на баратели на азил“.
Работилницата беше организирана од страна на Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за гранични работи и миграции со поддршка на Језуитската служба за бегалци во Република Северна Македонија.

На спроведената работилница покрај претставниците на Народниот правобранител учество земаа и претставници на Секторот за азил при МВР, судии од Управниот и Вишиот управен суд, претставници од Канцеларијата на Високиот комесаријат за заштита на бегалците, началници од Регионални центри за гранични работи, обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и управител на Прифатниот центар за странци во Гази Баба.

Во текот на дискусиите како и при презентациите и излагањата на претставниците од државните институции, судовите, домашните и меѓународните организации, се посвети особено внимание на новата законска одредба и мерката „ограничување на слобода на движење на баратели на азил“ при што се дискутираше за досегашната пракса и постапување при ваквите случаи, а се презентираше и објасни и донесениот Правилник за постапување во случаи на ограничување на слобода на движење на барател на азил.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 25
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија