23.04.2019
Скопје
СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА УНХЦР Г-ЃАТА МОНИКА САНДРИ
Народниот правобранител, г. Иџет Mемети оствари средба со новата претставничка на Канцеларијата на УНХЦР во Република Северна Македонија, г-ѓата Моника Сандри. На средбата г-ѓата Сандри беше запознаена со работата на институцијата, со активностите што Институцијата со помош на канцеларијата на УНХЦР ги спроведе од 2015 година до денес, како и со идните предизвици и планови што треба да се реализираат поради проширениот мандат на институцијата Народен правобранител.
Г-ѓата Сандри од своја страна го запозна г. Мемети со промените во УНХЦР, како на локално ниво, во земјата, така и на регионално, поврзувајќи ги таквите промени со новоусвоените планови на светско ниво во УНХЦР, но и во Обединетите Нации.
Сепак, и покрај новонастанатите промени во работењето на УНХЦР, г-ѓата Сандри нагласи дека соработката со Канцеларијата на Народниот правобранител останува да биде високо на агендата на УНХЦР, па оттука изрази надеж дека партнерството ќе продолжи и во годините што доаѓаат.
На крајот од средбата и двајцата соговорници ја поздравија позитивната меѓупартнерска