Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г-ЃА КОРИН ЈОНКЕР, ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ/ОДИХР 29.03.2019

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г-ЃА КОРИН ЈОНКЕР, ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ/ОДИХР

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети оствари средба со г-ѓа Корин Јонкер шеф на набљудувачката мисија за претседателските избори во Република Северна Македонија ОБСЕ/ОДИХР Мисијата во Скопје, на која стана збор за претстојните претседателски и за  предвремените избори за градоначалници на три општини чиј прв круг треба да се одржи на 21 април.

Акцент на средбата беше ставен на подготвеноста на Институцијата во поглед на заштита на избирачкото право, а народниот правобранител г. Мемети информираше дека за таа цел од први април  ќе започне да функционира и бесплатната  телефонска линија на која може да се пријави каква било повреда на избирачкото право.

Исто така, во контекст на зајакната заштита на избирачкото право народниот правобранител го искажа своето видување за потребата од  постојана соработка на институциите со цел намалување на нерегуларностите што се појавуваат речиси на сите избори.

Тој информираше дека институцијата Народен правобранител и понатаму констатира слабости во поглед на ажурирањето на избирачкиот список, како и слабата координација помеѓу Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи за решавање на овој проблем, а го актуелизираше и прашањето за потребата од подобро едуцирање на органите кои ги спроведуваат изборите.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија