Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ЗА 2018 ГОДИНА 27.03.2019

Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА СТЕПЕНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОЧИТУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА ЗА 2018 ГОДИНА

Заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на прес конференција го презентираше Годишниот изваштај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година.

„Прикажано преку бројки, минатата година постапувавме по 4.482 претставки, од кои 3.458 беа примени во извештајниот период, при што 50 беа отворени по сопствена иницијатива, за различни области. Најголем број претставки беа примени од областите: Правосудство, Работни односи, Казнено Поправни Установи и Воспитно Поправни Установи. Потоа, Потрошувачки права, Заштита на права при полициско овластување, Имотно-правна област, Финансии и финансиско работење, Заштита на правата на детето, Социјална заштита, Здравствена заштита, Недискриминација и сл.  Споредбено со 2017 година, податоците покажуваат дека во извештајната година се забележува намалување на констатираните повреди за 7,60%, а од друга страна, анализата на податоците во однос на прифатени препораки/укажувања на Народниот правобранител, покажува намалување за 13,42% во споредба со 2017 година.“ рече меѓу другото во своето излагање на прес-конференцијата заменичката народен правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска- Мустафа.

Истовремено, Бајрамовска -Мустафа рече дека во извештајната година граѓаните најголема недоверба искажуваа токму на судската власт.

„Долгото траење на постапките, e основен проблем за кој се бара заштита, а голем е и бројот на претставки во кои граѓаните изразуваат незадоволство од судските одлуки, за кои сметаат дека се донесени пристрасно, селективно, под притисок и политичка мотивираност. За околу 60% е зголемен бројот на поднесени претставки во врска со правата од работен однос. При тоа, граѓаните најчесто бараа заштита поради повреда на правата во постапките за вработување, исплата на плати и други надоместоци, за распоредување на вработените, за престанок на работниот однос, постапки по жалби и приговори и сл.

„Во оваа област констатиравме дека продолжува праксата на „партиски реваншизам“, после спроведување на кои било избори, што особено беше видливо во сферата на образованието и детската заштита, како при изборот на кандидати за вработување, така и при трансформацијата на работниот однос на вработените од  определено на неопределено време, и во однос на продолжување на договорите за работа.“ истакна на прес-конфернцијата заменик–народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска –Мустафа.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија