Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

11.03.2019

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г.САМУЕЛ ЖБОГАР

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, г. Самуел Жбогар.

На средбата, народниот правобранител го информираше амбасадорот, г. Жбогар за новите законски надлежности и мандати на институцијата Народен правобранител, за кадровските зајакнувања и за идните планови и проекти кои треба да се реализираат во рамките на Институцијата.

Амбасадорот г. Жбогар, изрази заинтересираност за состојбата со почитувањето и остварувањето на правата на граѓаните, изминатата година, особено, во кои области граѓаните имаат поднесено најмногу претставки. Во тој контекст, народниот правобранител  ги претстави констатираните состојби, задржувајќи се на областите во кои граѓаните  имаат поднесено најмногу претставки за повреда на нивните права, посочувајќи дека се бележи зголемување на бројот на поднесени претставки, што, меѓу другото, зборува за довербата на граѓаните во Институцијата. Истовремено, народниот правобранител го информираше амбасадорот, г. Жбогар дека во тек е изготвувањето на Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2018 г., кој всушност ја отсликува состојбата со човековите слободи и права во сите сфери во општеството, односно претставува детален приказ за степенот на почитувањето, остварувањето и унапредувањето на правата на граѓаните.

Амбасадорот на ЕУ, г. Самуел Жбогар истакна дека Делегацијата на Европската Унија ќе продолжи да ја следи и да ја поддржува работата на институцијата Народен правобранител, во исполнување на својата мисија за промоција, заштита и остварување на правата на граѓаните на Република Северна Македонија.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија