Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАБИТЕЛ СТАНА ДЕЛ ОД МРЕЖАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО МЕДИУМИТЕ 30.01.2019

30.01.2019, Скопје

ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАБИТЕЛ СТАНА ДЕЛ ОД МРЕЖАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО МЕДИУМИТЕ

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети ја потпиша Декларацијата против говорот на омраза во медиумите, со што Институцијата и официјано стана дел од Мрежата за борба против говорот на омраза.

При потпишувањето, народниот правобранител, г. Иџет Мемети се заблагодари на поканата за учество во една ваква неформална група која ќе работи на подигнување на свеста за присутноста на говорот на омраза во медиумите и за негово сузбивање, и посака кон мрежата да се приклучат што е можно поголем број на институции.

Инаку, иницијативата за формирање на мрежата ја покрена Советот за етика во медиумите, поддржана од мисијата на ОБСЕ во Скопје, а кон неа се приклучија голем број на институции, невладини организација и здруженија, како што се Министерствата за информатичко општество и администрација, за внатрешни работи, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Агенцијата за аудио и аудиовизуелени услуги. Меѓу потписниците се и Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Хелшинскиот комитет за човекови права.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија