Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОЧНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВАТА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ „ГРАЃАНСКО НАБЉУДУВАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“ ВО КОЈА АКЦЕНТОТ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН НА СОРАБОТКАТА СО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА 14.11.2018

14.11.2018, Струмица

ПОЧНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВАТА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ „ГРАЃАНСКО НАБЉУДУВАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“ ВО КОЈА АКЦЕНТОТ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН НА СОРАБОТКАТА СО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Народниот правобранител и НВО Инфоцентар почнаа со имплементација на новата фаза од проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“, во која  акцент ќе се стави на темата „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“.

Првата од шестте предвидени средби беше организирана на 14 ноември во Општината Струмица, а на неа покрај народниот правонранител г. Иџет Мемети, градоначалникот на Општина Струмица г. Коста Јаневски и заменик народниот правобранител г. Славо Тимов, учествуваа и претставници од локалната самопурава, невладини организации, како и претставници на подрачните единици на повеќе Министерства.

На средбата се разговараше за тоа како  да се подбри соработката помеѓу Народниот правобранител и Општината, со цел подигнување на степенот на заштита на правата на граѓаните.

Овој Проект, кој е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, се планира да се спроведе во општините каде Народниот правобранител  има свои подрачни канцеларии.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија