Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕЗЕНТИРАН СЕДМИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ 26.06.2018

26.06.2018, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН СЕДМИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

Напрес-конференција заменик Народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска -Мустафа го презентираше седмиот по ред извештај на Народниот правобранител –Национален превентивен механиза (НПМ) во кој се прикажани состојбите во местата на лишување и ограничување на слободата на движење, а е содржана и анализа на преземените активности за превенирање од тортура и друго сурово, нечовечко и понижувачко постапување и казнување во овие места.

„Констатираните состојби и упатените препораки до надлежните органи се резултат на вкупно 48 превентивни посети во текот на 2017 година, спроведени од тимот на Националниот превентивен механизам, со професионална поддршка на експерти од различни профили и институции, а чии експертски анализи се вклучени во Посебните извештаи кои Националниот превентивен механизам во текот на извештајниот период ги доставуваше до надлежните органи и институции. Минатата година тимот на НПМ-от изврши мониторингна 3 казнено поправни установи -(Затвор Скопје, Затвор Струмица и Затвор Куманово), 13 полициски станици (ПС Аеродром, ПС Драчево, ПС Куманово, ПС Македонски Брод, ПС Сопот, ПС Битола, ПС Валандово, ПС Свети Николе, ПС Велес, ПС Виница, ПС Кичево, ПС Охрид, ПС Струмица), 1 посета на Психијатриска болница Негорци,  и Домот за стари лица Сју Рајдер во Битола, како и 30 посети  во Прифатните транзитни центри Винојуг и Табановце, Прифатниот центар за странци Гази Баба, Прифатниот центар за сместување на баратели за азил во Визбегово, социјалните станови во Визбегово, каде што се сместени косовските бегалци, како и  посета на неформалните места на задржување на бегалци во с. Лојане и Ваксинце.“

Ова меѓу другото го истакнаво своето излагање заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа.

 Зборувајќи за сосотојбите во затворите г-ѓа Бајрамовска-Мустафа рече дека   неспорна е констатацијата дека покрај  лошите материјални услови за сместување на притворените, односно осудените лица, сериозен е недостатокот на професионален и стручен кадар во установите, што влијае на непречено остварување на правата на овие лица, на ефектите на процесот на ресоцијализација, правото на непречена здравствена заштита, како и  остварувањето на другите права за време на издржување на мерката притвор или казната затвор во казнено поправните установи.

Што се однесува до полициските станици заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустава потенцираше дека иако повеќе години наназад  НПМ –от алармира и препорачува подобрување на материјалните услови во полициските станици,  состојбите и натаму се непроменети.

„Во прилог на оваа констатција се податоците дека во 9 од вкупно посетените полициски станици, кои со Решение на Министерството за внатрешни работи се определени како полициски станици за задржување на лица, просториите за задржување не ги исполнуваат минимумпредвидените меѓународни стандарди.„ истакна заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа.



Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија