Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАЈАВА НА НАСТАН ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 21.05.2018

21.05.2018, Скопје

НАЈАВА НА НАСТАН ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител на Република Македонија по повод дваесет години од востановувањето на институцијата, на 30 мај 2018 година (среда), во Собранието на Република Македонија свечено ќе ја одбележи годишнината на Институцијата. Одржувањето на овој свечен настан е под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија.

На свеченоста покрај народниот правобранител, г. Иџет Мемети, свои обраќања ќе имаат претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, претседателката на Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот, г-ѓа Еринда Баланца, која воедно е и народен правобранител на Република Албанија. На свеченоста со видео обраќање ќе се обрати и европската омбудсманка, г-ѓа Емили Орајли, а во име на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, г-ѓа Дуња Мијатовиќ, свое обраќање ќе има г-ѓа Бојана Урумова, заменик - директор на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Советот на Европа.

Во рамките на свеченото одбележување, предвидено е и одржување на панел дискусија посветена на почетоците, развојот и предизвиците со кои институцијата Народен правобранител се соочила низ годините.
Покрај свеченоста во Собранието по повод годишнината на Институцијата, на 29, 30 и 31 мај во хотелот Холидај Ин во Скопје, Народниот правобранител ќе биде домаќин и на Десеттиот состанок на Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот (АОМ), која оваа година бележи десет години од своето формирање.

Овогодинешната средба на омбудсмани на Медитеранот ќе биде посветена на социјалните права на ранливите групи граѓани, како и заштитата на културните права и животната средина.

Во рамките на овој собир на омбудсманите на Медитеранот, на 29 мај ќе се одржат состаноци на Извршниот комитет и Управниот одбор на АОМ, додека на 31 мај ќе се одржи Генералното собрание кога ќе се изберат новите членови на овие тела. На Генералното собрание ќе се усвои и Декларацијата од Скопје.

        Агенда       

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија