Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • 01.04.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ И...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

25.04.2018

25.04.2018, Скопје

ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА

Студенти од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, под менторство на доц. д-р Ице Илијевски ја посетија канцеларијата на Народниот правобранител, при што остварија средба со тимот на Националниот превентивен механизам.

Посетата беше организирана во рамките на  наставата по предметот Контрола на безбедносен сектор, каде се изучуваат наставни целини од областа на надворешната контрола, која ја спроведува Народниот правобранител како стручен и независен орган.

Студентите, меѓу другото пројавија интерес за начинот на кој се врши прием на граѓаните во институцијата и постапувањето по поднесени претставки (особено во делот на прекумерната примена на сила при извршување на полициските овластувања), особено за ефикасноста на инструментите кои Народниот правобранител ги користи за контрола на работата на органите на државната управа и органите и организациите со јавни овластувања, како и за активностите на Националниот превентивен механизам како посебно одделение за превенција од тортура и друг вид на сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Во оваа смисла, претставниците на Националниот превентивен механизам ги запознаа студентите со мандатот и надлежностите на Народниот правобранител и Националниот превентивен механизам, за методологијата на вршење на превентивни посети, како и за начинот на вршење на превентивни посети во пракса, со одговор на сите дополнителни прашања кои им беа поставени од студентите од Факултетот за безбедност.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија