Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НАРОДНАТА ПРАВОБРАНИТЕЛКА НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Г-ЃА ЕРИНДА БАЛАНЦА 16.03.2018

16.03.2018, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НАРОДНАТА ПРАВОБРАНИТЕЛКА НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Г-ЃА ЕРИНДА БАЛАНЦА

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствaри средба со народната правобранителка на Република Албанија, г-ѓа Еринда Баланца, на која се разговараше за состојбите со промоцијата и заштитата на човековите слободи и права во двете земји, за предизвиците со кои се соочуваат омбудсман институциите, а особено за подготовките по повод одбележувањето на дваесет годишнината на институцијата Народен правобранител на Република Македонија и десет години постоење на Асоцијацијата на медијатори на Медитеранот (АОМ) чиј претседател е токму г-ѓата Баланца.

Имено, по повод одбележувањето на овие две значајни годишнини, на 30 и 31 мај во Скопје ќе се одржи конференција на АОМ, како и свечено одбележување на годишнината на институцијата Народен правобранител.

По тој повод правобранителот, г. Мемети ја информираше својата колешка дека Институцијата активно се подготвува за одбележување на својата годишнина, како и за организација на Конференцијата во рамки на АОМ и дочек на сите предвидени гости од земјите-членки на Асоцијацијата.

На средбата беа договорени чекорите што ќе бидат преземени со цел беспрекорно одржување на предвидениот настан во Скопје, а г-ѓата Баланца ја истакна својата подготвеност, како и подготвеноста на институцијата што ја претставува во обезбедување поддршка при организацијата на Конференцијата.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија