Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРАТЕНИЦИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 27.02.2018

27.02.2018, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРАТЕНИЦИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Народниот правобранител г.Иџет Mемети оствари средба со европратениците г. Едуард Кукан, г. Кнут Флекенштајн и г. Иво Вајгл, на која се разговараше за состојбите со човековите слободи и права во Р. Македонија, за предизвиците со кои се соочува институцијата Народен правобранител, а посебно за комуникацијата и соработката што Институцијата ја има со Владата и останатите чинители од извршната власт во државата.

На средбата европратениците беа запознаени со актуелните активности што ги спроведува институцијата Народен правобранител, како и со степенот на напредок по однос на реформските приоритети што се однесуваат на институцијата.

Разговорот меѓу правобранителот, г. Мемети и соговорниците се водеше со цел обезбедување независно функционирање и континуирана поддршка на институцијата, особено со измените предвидени во новиот Закон за народен правобранител и обврските што произлегуваат од истиот.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија