Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 17.04.2018

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ЗАЧЕСТЕНИТЕ СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 29.03.2018

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г-ЃА СУЗАН К. ФАЛАТКО, ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САД ЗА ПРАШАЊА ОД ЈУГО-ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА 15.02.2018

15.02.2018, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г-ЃА СУЗАН К. ФАЛАТКО, ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САД ЗА ПРАШАЊА ОД ЈУГО-ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари средба со г-ѓа Сузан К. Фалатко, заменик-директор на канцеларијата на Соединетите Американски Држави за прашања од југо-централна Европа, на која се разговараше за состојбата со промоцијата и заштитата на човекови слободи и права и спроведувањето на препораките на Народниот правобранител од страна на органите на управата.

Истовремено, на средбата стана збор и за предизвиците со коишто се соочува институцијата, како и за тековните реформи во Република Македонија.

Имено, г. Мемети информираше дека видно е подобрена комуникацијата со органите/институциите коишто ги мониторира Народниот правобранител, но дека примената и практикувањето на новите законски надлежности е оневозможена поради недостатокот на кадровски капацитети.

Земено предвид дека најголемиот број на претставки поднесени до Народниот правобранител се од областа на правосудството, на средбата стана збор и за реформите во правосудството и улогата на Народниот правобранител во тој процес.

Двајцата соговорници се согласија дека од исклучителна важност е да се обезбеди континуирана поддршка на институцијата, имајќи ја предвид улогата на Омбудсманот во заштитата на правата на граѓаните.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 12
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија