Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • 01.04.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ И...

    повеќе
  • 01.04.2019

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РАБОТИЛНИЦА ЗА ИСКУСТВАТА НА ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ 07.02.2018

07.02.2018, Велес

РАБОТИЛНИЦА ЗА ИСКУСТВАТА НА ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

„Циркуларна економија: искуства на локалните самоуправи во управување со отпадот“ беше тема на работилницата, која во организација на канцеларијата на Народниот правобранител, а со поддршка на амбасадата на Кралството Холандија се одржа во Велес.

Работилницата ја отворија народниот правобранител г.Иџет Мемети и амабасдорот на Кралството Холандија во Република Македонија Н.Е Воутер Пломп, на неа присусутвуваа градоначалници на повеќе општини, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и на невладини организации кои работат на полето на заштитата на животната средина, а беше презентирано истражувањето за „Состојбите со депонирање на отпадот во Република Македонија“, спроведено од страна на институцијата Народен правобранител. Искуствата со управување со отпадот во Холандија ги пренесе г.Ханс Бројкелман, додека на тема „Вовед во циркуларна економија“ зборуваше г.Ханс ван Ек.

„Има закони, но во пракса истите не се спроведува поради недоволната совест на тие што треба да го спроведуваат законот. Поради тоа им порачувам на надлежните во земјава сериозно да пристапат кон квалитетно спроведување на прописите. Истовремено без одлагање да пристапат кон изградба на прописни регионални депонии според сите стандарди заради остварување на правото на граѓаните за живот во здрава животна средина“, рече меѓу другото,  во својот поздравен говор народниот правобранител г.Иџет Мемети.

Според Мемети и покрај уставно загарантираното право за здрава животна средина, загрижува фактот што со години наназад државата преку своите институции не посветува доволно внимание и не презема конкретни мерки за зачувување и унапредување на животната средина.

Презентирајќи го истражувањето, државниот советник г.Нико Бојаџиев истакна дека општиот заклучок врз база на податоците е дека во Република Македонија депонирањето на отпадот се врши под секакво ниво дека е супстандардно, и речиси не се почитува ниту една законска норма која се однесува на ова прашање.
„Од вкупниот број на општини 42 користат локални депонии за комунален и друг вид на отпад, при што ниту една не поседува интегрирана еколошка дозвола, односно не ги исполнува законските стандарди, Регионални депонии користат 14 општини, а 11 (претежно помали рурални) општини не користат локални ниту регионални депонии“, истакна Бојаџиев.


Пребарување

Кaлендар на настани

април 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија