Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

20.11.2017

20.11.2017, Скопје

СО РАБОТИЛНИЦА ВО ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ВО СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

По повод 20-ти ноември – Светскиот ден на детето, заменик -народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска – Мустафа, одржа работилница во ООУ„Владо Тасевски“ од Скопје со ученици од второ, шесто и седмо одделни, на која исто така учествуваа и ученици од шесто одделение од ОУ„Хасан Приштина“ од Скопје , како партнер училиште.

Темата на работилницата беше „Насилството и заштитата од насилство“. На јазик разбирлив за децата и преку интерактивен разговор, заменик народниот правобранител,г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа , потсети на причината поради која се одбележува денот – 20 ноевмри, потсети на Конвенцијата на правата на детето и на обврските на државата да преземе мерки за заштита на децата од секаков вид на насилство врз нив и помеѓу нив.

Децата ги споделија своите размислувања и примери од секојдневието, односно што за нив претставува насилство, дали биле вклучени и причините поради кои тоа се случило.

Сите деца, едногласно се изјаснија дека насилството е неприфатливо и дека за секое недоразбирање  или проблем, во училиштето  или семејството треба да се разговара.

Заменичката, покрај тоа што ја прмовираше надлежноста и работата на Народниот правобранител, ги покани децата , заедно со нивните наставници да дојдат на посета во Канцелариите на Народниот правобранител се со цел одблиску да се запознаат со институцијата Народен правобранител и нејзината улога во општеството.
На работилницата беа поделени темакси брошурите на Народниот правобранител за заштита од насилството и заштита од интернет  отпечатени на македонски и  на албански јазик.
 

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија