Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА 15.11.2017

15.11.2017, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствaри средба со претставници на Европската комисија, на која се разговараше за работата на институцијата, актуелните предизвици со кои таа се соочува особено по усвојување на измените во Законот за народниот правобранител. Воедно стана збор и за состојбата со човековите права во земјата и спроведувањето на препораките на Народниот правобранител од страна на органите на управата.

Народниот правобранител г. Мемети даде свој осврт и на развојот на Институцијата и одбележувањето на јубилејот идната година, 20 години постоење Народен правобранител во Македонија, како и подготовката на Монграфијата по тој повод.

На средбата стана збор и за реформите во правосудството и улогата што Народниот правобранител ја има во тој процес, системските проблеми кои се јавуваат во спроведување на независното функционирање на Институцијата, но и за новата улога на набљудувач во Агенцијата на ЕУ за фундаментални права.

Претставниците на Европската комисија уште еднаш ја поддржаа работата на Народниот поравобранител истакнувајќи дека од исклучителна важност е на Институцијата да и се овозможи беспрекорно спроведување на својот севкупен мандат, бидејќи независна и целосно оперативна институција за човекови права е особено битен сегмент за напредокот на земјата на патот кон Европската Унија.  


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија