Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ИНТЕГРАЦИЈА НА КОСОВСКИТЕ БЕГАЛЦИ, ТРАЈНИ РЕШЕНИЈА И ДОБРОВОЛНО ВРАЌАЊЕ“ 20.11.2017

20-21.11.2017, Скопје

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ИНТЕГРАЦИЈА НА КОСОВСКИТЕ БЕГАЛЦИ, ТРАЈНИ РЕШЕНИЈА И ДОБРОВОЛНО ВРАЌАЊЕ“

„Во услови кога светот се соочува со најголемата бегалска криза и илјадници луѓе секојдневно се приморани да ги напуштат своите домови, не смееме да ги заборавиме проблемите на бегалците од Косово кои пред осумнаесет години беа исто така приморани да ги напуштат своите живеалишта. Соочени со потешкотии да се вратат во својата земја, социјално исклучени и под ризик да останат без државјанство, косовските бегалци се исфрлени на маргините на општественото живеење. Актуелизирањето на оваа тема е најмалку што може да направиме за подигнување на свеста од потребата за итно изнаоѓање трајни решенија на проблемите со кои се соочуваат овие луѓе.“

Ова, меѓу другото, го рече во својот поздравен говор народниот правобранител г.Иџет Мемети на отворањето на дводневната Конференција за „Интеграција на косовските бегалци, изнаоѓање на трајни решенија и доброволно враќање“, во рамките на проектот „Подобрување на системот на правна заштита по однос на азил и натурализација“ во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и Високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите Нации-канцеларија Скопје.

На Конференцијата беше претставено истражувањето за состојбите со „Интеграцијата на косовските бегалци, трајни решенија и доброволно враќање“, а свои видувања на ова тема ќе дадат и претставници  на омбудсман канцелариите на Црна Гора,Република Косово и на Албанија.


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија