Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 16.02.2018

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ НА СЕКСУЛАНА...

    повеќе
  • 28.12.2017

    ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕЗЕМЕНИТЕ МЕРКИ И КОНСТАТИРАНИТЕ СОСТОЈБИ ОД ПОСТАПУВАЊЕТО ПО...

    повеќе
  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 01.11.2017

01.11.2017, Скопје

СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Триесетина сердношколци од  трета година при СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје заедно со професорката Сузана Андреска која е задолжена за изведување на наставата по предметот Вовед во право ја посетија канцеларијата на Народниот правобранител. Оваа посета беше дел од наставниот план и Програма по предметот.

Преку интерактивна презентација заменичката на народениот правобранител Васка Бајрамовска- Мустафа ги информира учениците за улогата, надлежностите и мандатот на Народниот правобранител во однос на превенцијата и заштита на човековите слободи и права, како и новите надлежности повразани со промоцијата на правата на граѓаните. Притоа, одговараше на прашања во врска со начинот на избор на Народен правобранител и неговите заменици, вработувањата во институцијата , како стручната служба постапува по претставките повреда на право, како и  на прашања поврзани со работата на посебните одделенија за заштита од дискриминација и заштита на правата на децата и лица со посебни потреби.

При оваа средба заменичката беше информирана дека со големо внимание учениците ја следат веб- страницата на Народниот правобранител и се информираат за нејзините активностите, особено  за истражувањата кои ги спроведува одделението за заштита на правата на децата и лица со посебни потреби.Истовремено средношколците покажаа интерес за учество и реализацијација на заеднички проекти поврзани со правата на децата во сферата на образованието.


Пребарување

Кaлендар на настани

февруари 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија