Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

18.10.2017

18.10.2017, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, Н.Е. Г-ЃАТА РЕНАТЕ КОБЛЕР

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствaри средба со амбасадорката на Република Австрија во Македонија, г-ѓата Ренате Коблер, на која се разговараше за состојбите со промоцијата и заштитата на човековите слободи и права, за предизвиците со кои се соочува институцијата, а посебно за првичните оценки на Институцијата по однос на првиот круг од локалните избори.

Имено, правобранителот г. Мемети информираше дека видно е подобрена комуникацијата со органите/институциите, но поради недостаток на капацитети и неусогласеност на правната регулатива, практичната примена на новите законски измени е се уште оневозможена.

Во контекст на заштитата на избирачкото право, како и првичните согледувања на Институцијата, Народниот правобранител со жалење констатира дека пропустите од претходните години и понатаму се провлекуваат, односно пропусти во избирачкиот список и слабата комуникација помеѓу Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи.

Амбасадорката Коблер истакна дека Република Австрија и понатаму ќе продолжи да биде сојузник на Институцијата во форма на заеднички проекти, особено за време на претседателствувањето на Австрија со Европската Унија во втората половина од 2018 година.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија