Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО СКОПЈЕ 16.10.2017

16.10.2017, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО СКОПЈЕ

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствaри средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, на која се разговараше за првичните согледувања и оценки на Институцијата по однос на остварувањето на избирачкото право за време на првиот изборен круг од локалните избори во Македонија.

Во контекст на значењето и потребата од позајакната заштита на избирачкото право на граѓаните, Народниот правобранител со жалење информираше дека поради недостаток на кадар не се вршело мониторирање на изборниот процес во предизборието, додека пак бесплатната телефонска линија не била ставена во функција.
 
За самиот изборен ден, правобранителот г.Мемети информираше дека Канцеларијата била отворена за граѓаните и дека биле примени телефонски јавувања за регистрирани нерегуларности, односно за прекршено или неостварено право на глас. Тој констатираше дека пропустите во делот на избирачкиот список и понатаму се провлекуваат, како и слабата координација помеѓу Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија