Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ 09.08.2017

09.08.2017, Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствaри средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која се разговараше за состојбите со промоцијата и заштитата на човековите слободи и права, за предизвиците со кои се соочува институцијата, а посебно за подготвеноста за следење на локалните избори.
Имено, правобранителот г. Мемети информираше дека видно е подобрена комуникацијата на органите/институциите кои се мониторираат од страна на Народен правобранител, но и дека покрај направените законски измени поради недостаток на капацитети и неусогласеност на правната регулатива, оневозможена е нивната практична примена.

Во контекст на значењето и потребата од позајакната заштита на избирачкото право на граѓаните, во пресрет на локалните избори, Народниот правобранител со жалење ги информираше претставниците на ОБСЕ дека поради недостаток на кадар доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес, како и отворањето на  бесплатната телефонска линија, но истовремено потенцираше дека во согласност со можностите на институцијата на граѓаните ќе им се овозможи заштита на нивното избирачкото право.  


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија