Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА УНИЦЕФ ВО МАКЕДОНИЈА, Г. БЕНЏАМИН ПЕРКС 12.07.2017

12.07.2017, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА УНИЦЕФ ВО МАКЕДОНИЈА, Г. БЕНЏАМИН ПЕРКС

Народниот правобранител, г. Иџет Mемети оствари средба со новиот претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, г. Бенџамин Перкс. На средбата г. Перкс беше запознаен со работата на институцијата, со последните случувања во земјата, а особено во фокусот на разговорот беа човековите права и слободи.
Правобранителот, г. Мемети се осврна на историјатот на институцијата, начинот на кој се работи, а посебно внимание посвети на заштита на правата на децата, особено оние кои припаѓаат на ранливите категории, деца на улица, нееведентираните деца, децата со посебни потреби и сл. Стана збор и за односот на институциите кон овие деца и потребата од нивна проактивна и поефикасна заштита.

Двајцата соговорници се согласија дека од исклучителна важност е да се продолжи со заедничкото делување на УНИЦЕФ и Народниот правобранител во оваа сфера, особено кога УНИЦЕФ веќе години наназад ја поддржува институцијата Народен правобранител во повеќе аспекти.
 
Г. Перкс истакна дека УНИЦЕФ и понатаму ќе продолжи да биде сојузник на институцијата која е клучна алатка за обезбедување заштита на детските права и слободи.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија