Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

23.05.2017

23.05.2017, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ПЕТИЦИИ НА ДРЖАВНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ПОКРАИНАТА БАДЕН-ВУРТЕМБЕРГ, СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА

Народниот правобранител, г. Иџет Mемети оствари средба со членовите на Комисијата за петиции на Државниот парламент на Баден-Вуртемберг, Сојузна Република Германија. Средбата беше реaлизирана во рамките на официјалната посета што Комисијата ја имаше на земјите во регионот, каде покрај Македонија, беа посетени Албанија и Косово.

Во текот на едночасовната средба, г. Мемети ја запозна Комисијата со работата на институцијата, нејзиниот историјат и почетоци, како и со актуелните предизвици со кои таа моментално се соочува.

Народниот правобранителот, г. Мемети особено се осврна на начинот на постапување по претставки, како и на областите за кои граѓаните најмногу и се обраќаат на институцијата. Дополнително се осврна и на новите надлежности што институцијата ги доби со новиот Закон за народениот правобранител, усвоен во септември 2016 година.
Членовите на Комисијата со особен интерес ја проследија презентацијата на народниот правобранителот и ја истакнаа важноста на ваков вид на институција во демократските општества, како клучна алатка за обезбедување заштита на човековите права и слободи.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија