Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

30.05.2017

30.05.2017, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител, г. Иџет Mемети оствари средба со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во Република Македонија, на која се дискутираше за општите состојби со човековите права, функционалноста на правниот систем, со посебен акцент на ефикасноста на администрацијата како сервис на граѓаните.

На средбата Народниот правобранителот, меѓу другото се осврна и на посериозните повреди на човековите права, состојбата во правосудството и неефикасните истраги за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата.

Истовремено тој зборуваше и за состојбата во затворите, како и за слабостите во превоспитниот процес со осврт на ранливите групи граѓани.

Амбасадорите дадоа поддршка на работењето на Институцијата чии извештаи ги сметаат за најрелевантни и објективни, поради што и ги користат како извор на информации во своите известувања за состојбите во државата.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија