Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

21.03.2017

21.03.2017, Скопје

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКО РОДИТЕЛСТВО ПО РАЗВОД ВО МАКЕДОНИЈА И ВЛИЈАНИЕТО НА ОВОЈ КОНЦЕПТ ВРЗ ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО“

„Несомнено е значењето на семејството во развојот на детето, како и влијанието на родителите/старателите врз правилното воспитување и изградба на неговата личност. Меѓутоа, праксата на Народниот правобранител потврдува дека поради проблемите помеѓу родителите многу често децата се принудени да живеат разделени од едниот или од двајцата родители, при што правото на детето да одржува лични односи и непосредни контакти со родителот со кој не живее се одвива со потешкотии, а во многу случаи овие контакти воопшто и не се одржуваат“.

Ова меѓу, другото, го рече заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на конференцијата на која се разговараше за воведувањето на заедничко родителство по разводот.
Според заманеикот најголемиот број претставки доставени до Народниот правобранител од оваа област се токму за заштита на правото на лични односи и непосредни контакти.

„Ако порано овие претставки ги доставува родителите или блиски роднини на детето, последните години до нашата канцеларија се обраќаат и децата, барајќи совет и помош, стравувајќи дека по разделбата, родителите нема да ги сакаат или да се грижат за нив како порано, а во неколку случаи децата бараа помош да воспостават контакти со свои браќа или сестри, кои живеат со другиот родител“, истакна таа.

Инаку, конференцијата беше во организација на Народниот правобранител, Граѓанската иницијатива за воведување на заедничко и одговорно старателство по разводот и Првата детска Амабасада во светот „Меѓаши“,поддржана од Националниот демократски институт  (НДИ) а насвое учество земаа психолози, педагози, семејни терапевти, како и универзитетски професори.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија