Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЛГБТ ЦЕНТАРОТ 14.12.2016

14.12.2016, Скопје

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЛГБТ ЦЕНТАРОТ

Народниот правобранител г.Иџет Мемети и програмскиот директор на ЛГБТ Центарот што функционира во рамките на Хелсиншкиот комитет за човекови права г. Кочо Андоновски, потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на Проектот за подобрување на статусот на ЛГБТ заедницата, а финансиски поддржан од УСАИД.

„Народниот правобранител и граѓанските организации кои работат на полето на унапредување на правата на овие лица, со потпишување на овој Меморандум се обврзуваме дека континуирано ќе вложуваме напори во насока на надминување на хомобифијата и трансфобијата, како и спречување и заштита од дискриминација, спречување на говор на омраза и дела од омраза“, рече по потпишувањето на Меморандумот народниот правобранител г.Иџет Мемети.

Според амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија н.е.Џес Бејли, Народниот правобранител игра важна улога во промоцијата и заштитата на човековите права.

„Потпишувањето на овој Меморандум за соработка за имплементација  на Проектот на УСАИД за Подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, е уште еден пример за вашата заложба за поддршка на имплементација на меѓународните стандарди за човекови права во Македонија“, истакна амбасадорот Бејли кој присуствуваше на чинот на потпишување на Меморандумот.

На потпишувањето присуствуваше и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет г-ѓа Ураниа Пировска.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија