Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ФОРУМ „СОСТОЈБАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА VIS A VIS ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ“ НА КОЈ УЧЕСТВУВАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ 06.12.2016

06.12.2016, Скопје

ФОРУМ „СОСТОЈБАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА VIS A VIS ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ“ НА КОЈ УЧЕСТВУВАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ

„Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи“ беше форумот на кој со свое излагање учествуваше народниот правобранител г. Иџет Мемети, кој го организираше  Институтот за човекови права (ИЧП) во пресрет на 10-ти декември, Меѓународниот ден на човековите права.

„На сите ни е добро позната улогата на Народниот правобранител - во услови на поделба на власта тоа е институцијата која има за цел да сигнализира законитост и одговорност во практикувањето на властите. Оваа позиција, од една страна му овозможува непристрасно да ја согледа состојбата во функционирањето на управата/администрацијата, судството, јавните претпријатија или со еден збор на централната и локалната власт, но, од друга страна претставува обврска да биде крајно внимателен при соопштувањето на неговите ставови, од причина што секоја негова критика мора да биде издржана,  поткрепена со факти, со цел да биде прифатена.

Нашето општество веќе две години е во длабока политичка криза, можеби зборот „длабока политичка криза“ е премек за реално отсликување на состојбите. Со обелоденувањето на аферата со масовното прислушување, под сомнеж се стави функционирањето на целиот систем, а особена институциите на кои основна надлежност им е безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Сведоци сме на ерозија на системот - нефункционални институции, кои меѓусебе имаат лоша комуникација, што, пак, директно влијае на прекршувањето на правата на граѓаните и нивниот квалитет на живеење.
Општо е познато дека во состојби на криза на системот, човековите слободи и права се први на удар, а институциите за заштита стануваат немоќни, особено поради несоработката на властите.“

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети во своето излагање.Тој, исто така укажа дека и понатаму продолжува трендот на игнорантскиот однос на одредени институции кон Народниот правобранител, иако во меѓувреме сите релевантни меѓународни институции, вклучувајќи го и добропознатиот експертски тим на Прибе упатуваат токму на спротивното - на целосна и квалитетна соработка, со единствена цел, граѓаните на брз и ефикасен начин да си ги остваруваат своите права.
Инаку, на форумот учествуваа претставници на Институтот за човекови права, поранешни и актуелни судии, новинари и претставници на Невладини организации.
 

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија