Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ОД СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ВКЛУЧЕНОСТА НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО РЕДОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 02.12.2016

02.12.2016, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ОД СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ВКЛУЧЕНОСТА НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО РЕДОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Народиот правобранител г.Иџет Мемети заедно со заменик-претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ  г-ѓа Елпсет Ериксон и заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби го промовираа Извештајот од спроведеното истражување  за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното образование, кој нардниот правобранител со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ го спроведе во сите основни училишта во државата.

Во своето поздравно обраќање г.Мемети рече дека истражувањето детектирало слабости од формална гледна точка. „Препорачуваме властите да го подобрат сиситемот и да ги усогласат меѓународните документи, да го подигнат нивото на правната регулатива, како и да создадат човечки и материјални услови за децата со посебни потреби да се вклучат во редовното образование“, истакна народниот правобранител г.Иџет Мемети.

Според заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, законската и дел од релевантната подзаконска регулатива во Република Македонија која се однесува на образованието на децата со попреченост, не е во согласност со меѓународните стандарди дадени во Конвенцијата за правата на детето, Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и Изјавата  од Саламанка.

„Во Законот за основното образование и другите законски и подзаконски акти кои се однесуваат на образованието, попреченоста отсуствува како основа за дискриминација. Во анализираните закони повеќе декларативно се промовира инклузијата, при што се добива впечаток дека инклузијата е исклучок, а издвојувањето е правило. Отсуствува образовен систем подреден на различноста и потребите на секое дете (разумно приспособување), така што децата се категоризираат и се запишуваат во образовните институции во согласност со тие категоризации. Во случаи кога, Медицинската категоризација на децата останува да биде  натамошниот пат на детето низ образовниот систем и во услови на постоење специјални училишта (кои се поврзуваат со одреден вид попреченост) и посебни паралелки во редовните училишта (кои, исто така се поврзани со медицинската категоризација), не може да стане збор за единствен систем на образование“, рече г-ѓа Бајрамовска –Мустафа, презентирајќи го извештајот.

Од овие причини се препорачува да се преземат мерки за целосна хармонизација и усогласување на регулативата во образованието на децата со посебни потреби со Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Истовремено како и да се надгради нормативната рамка за недискриминација и еднаквост на децата во процесот на образование и во тој контекст да се измени и дополни Законот за основното образование, во кој попреченоста ќе биде основа за дискриминација. Во правната регулатива, инклузијата да се дефинира како дел од редовното образование и да се третира како индикатор за дискриминација и нееднаков третман на децата со посебни потреби.


Пребарување

Кaлендар на настани

април 2017
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија