Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕЗЕНТИРАН ПОСЕБНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПОЧИТИВАЊЕТО И ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА УЧЕСТВО НА ДЕТЕТО ВО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКУ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА 17.11.2016

17.11.2016, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ПОСЕБНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПОЧИТИВАЊЕТО И ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА УЧЕСТВО НА ДЕТЕТО ВО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКУ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

„Учеството на средношколците во воспитно-образовниот систем во Република Македонија не е уредено со Законот за средното образование, ниту со подзаконски акти. Во средните училишта кои ова прашање го предвиделе во интерните акти на училиштето (Статут, Правилник или Куќен ред) не е насочено учеството на начин на кој упатува Конвенцијата за правата на детето, според која учеството на детето е еден од водечките принципи. Ниско ниво на учество на средношколците во образовниот процес, нејасна и неуредена форма на здружување на средношколците и нивно учество во донесување одлуки за прашања кои ги засегаат“.

Ова, меѓу другото го рече заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска- Мустафа на прес-конференцијата на која го презентираше Посебениот извештај за „Состојбата со почитување и остварување на правото на учество на детето во донесување одуки во средните училишта во Република Македонија“, изготвен врз основа на спроведено истражување од страна на Народниот правобранител, од Одделението за заштита на децата и на лицата со посебни потреби.

„Од овие причини Народниот правобранител препорачува почитување на правото на учество на детето, односно правото да се слушне мислењето на ученикот во контекст на образованието, преземање на мерки за законско уредување на правото на учество на детето/ученикот во образовниот систем во Република Македониј, како и да се гарантира правото на здружување на учениците заради заштита и остварување на нивните права и интереси.“ истакна г-ѓа Бајрамовска-Мустафа.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија